Хаос на денот на изборите во соседна Србија

500

Сериозен инцидент е пријавен во српскиот град Бор, каде според наводите на студентите во блокада, во близина на избирачко место бил нападнат новинарски тим, меѓу кои имало и студенти.

Според нив, напаѓачите употребиле секира, при што на присутните им биле искршени телефоните, одземени камерите, а дел од нив биле соборени на земја. Поради здобиените повреди, неколку лица биле пренесени во Итна помош.

Од студентското движење посочуваат дека на снимките од местото на настанот се гледа како напаѓачите пристигнуваат со црн автомобил марка „Ауди“ со панчевачки регистарски таблички.

Меѓу нападнатите е и новинарот Лазар Диниќ, кој известувал од терен. Според неговиот адвокат Велјко Милиќ од Независното друштво на новинари на Војводина, Диниќ бил физички нападнат и повреден.

„Ми се јави и ми кажа дека е претепан, крвав и чека Итна помош“, изјавил Милиќ, додавајќи дека новинарот се јавил од туѓ телефон бидејќи неговиот му бил одземен.

Студентите најавија дека очекуваат реакција од новинарските здруженија и од обвинителството, а истакнаа дека нивните тимови ќе продолжат да бидат на терен со цел, како што велат, да го заштитат избирачкото право.

Претходна вестФОТО: Што се случува на небото над Македонија?
Следна вестМинерална вода – корист или ризик за организмот?