СВР Охрид поднесе кривична пријава против Жарко Грозданоски од тетовското село Брвеница, поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“, согласно член 123 од Кривичниот законик.
Според информациите од полицијата, на 25 март 2026 година околу 18:30 часот, во домот на 76-годишен жител на Охрид, осомничениот најпрво влегол во вербална расправија со жртвата. По расправијата, тој физички го нападнал и, како што наведуваат од СВР Охрид, со раце предизвикал задушување.
По преземени оперативни мерки и координација со Министерството за внатрешни работи и јавен обвинител, на 27 март била распишана централна потерница по осомничениот.
Истата вечер, околу 17:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лоцирале и го лишиле од слобода во селото Брвеница.
Се преземаат понатамошни активности за целосно расчистување на случајот.



