Граѓаните во шок – се зголемува цената на лебот

2466

Дел од пекарниците во Прилеп и Битола од утре најавуваат зголемување на цената на белиот леб од 450 грама – од 35 на 40 денари, иако граѓани тврдат дека и пред 1 април веќе го плаќале по повисока цена, oбјави Телма телевизија.

Претходно поскапеа и зејтинот и јајцата, а според реакциите на граѓаните растат и цените на зеленчукот на пазарите, особено на пиперките и доматите.

Трендот на поскапувања создава дополнителен притисок врз домашниот буџет.

Според последните податоци на Сојузот на синдикати, потрошувачката кошничка за три месеци е зголемена за над 2.000 денари.

Меѓувреме, минималната плата е зголемена за 1.600 денари, но останува прашањето дали тоа ќе биде доволно за да ги ублажи растечките трошоци за живот.

Претходна вестТажна вест: Почина познатиот македонски музичар
Следна вестСтраотна сообраќајка – две млади момчиња итно пренесени во болница