Граѓани повикуваат на протест поради несреќата во која загина 22-годишна девојка

1654

На социјалните мрежи од вечерва се споделуваат повици за протест во врска со сообраќајната несреќа што доцна синоќа се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, а во која загина 22-годишна девојка.

Граѓаните го најавуваат протестниот собир за утре во 13 часот пред пекарницата „Силбо“ – местото каде што смртно беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова.

Сообраќајката се случи вечерта на 29 јануари, петнаесетина минути пред полноќ. Девојката поминувала на пешачки премин кога во неа удрил автомобил со кој управувал 20-годишен скопјанец. Според наводите на Обвинителството, тој возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено.

За 20-годишникот е побаран притвор.

Дополнително, од ОЈО Скопје информираа дека момчето и претходно било гонето за други кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Во текот на постапката за овие дела момчето било во притвор, а скопското обвинителство поднело обвинение со предлог за продолжување на притворот. Судот, пак, ја укинал притворската мерка за обезбедување и одлучил момчето да биде испратено во воспитно-поправниот дом во Тетово.

Претходна вестБил адвокат, а сега нема ниту за храна – тажна судбина на Мирослав: Кога остана сам и без пари, сите му свртеа грб
Следна вестВозачот кој ја усмрти Фросина до пред половина година бил во притвор