Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во подрачјето на Елбасан, Албанија, а бил почувствуван и во Дебар, Струга и Охрид.
Според извештаите, потресот бил регистриран во 20:06 часот на длабочина од 13 километри.
Епицентарот се наоѓа на околу 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.



