Голема трагедија во фамилијата на Новак Ѓоковиќ – почина неговиот кум

1972

Кумот на Новак Ѓоковиќ, проф. Д-р Момчило Иниќ почина пред два дена, на 5 октомври, на 77-годишна возраст, јавуваат медиумите.

Неговиот татко Срѓан објави некролог во дневниот весник „Новости“, каде се прости од голем семеен пријател, додека Новак е во Кина на Мастерсот во Шангај.

– Драг кум, засекогаш ќе останеш со нас. Ве сака кумот Срѓан Ѓоковиќ и неговото семејство – стои во некрологот во „Новости“.

Бил специјалист по онкохирургија, а имал повеќедецениско работно искуство како хирург во Клиничкиот центар на Србија при Институтот за онкологија и радиологија. Работел во Франција, Италија и Јапонија.

Од 1990 година е ангажиран на постдипломски студии по онкологија за доктори на специјализација, а негова потесна област е хируршки третман на рак на дојка.

Зад себе ги остави сопругата, ќерките и внуците.

претходниот член,Се мавале со секири: Осуммина повредени во страотна тепачка во Штип, случајот го нема во билтенот на МВР
Следната статијаЗА ШТО СЕ ПОДГОТВУВА: НАТО распоредува 49 нови бригади во Европа