Утрово голема акција против нарко-подземјето во Скопје, Штип, Струмица и селото Грчец – Скопско
Силно полициско присуство и специјални сили на МВР денеска рано утринава спроведоа масовна акција против организиран криминал во Скопје, Штип, Струмица и селото Грчец – Скопско.
Акцијата ја води Бирото за јавна безбедност преку Одделот за организиран криминал, во координација со Основното јавно обвинителство за ГОКК. Претреси се вршат на околу 15 локации, а на удар е криминална мрежа поврзана со нелегална трговија со кокаин.
Според неофицијални извори, меѓу приведените лица се познати имиња од криминалните кругови, меѓу кои се споменуваат Покрајчевалиев, Бојаџиски, Коцев и Веле.
Безбедносните извори велат дека станува збор за директен и неселективен удар врз структури кои долго време делувале во сенка. Аналитичарите оценуваат дека ова е сигнал дека борбата против нарко-криминалот влегува во нова, поагресивна фаза.- објави Курир
Очекува се официјална потврда од институциите.



