(ФОТО) Лила Филиповска по долги години се врати во родното место – се нагости со мотани сарми

16678

Познатата ТВ водителка Лила Филиповска е присутна на телевизија повеќе од две децении, време за кое стана симбол за најуспешно телевизиско лице што нема кој не го познава.

Повеќе од една деценија секојдневно ја гледаме во квизот „Се или нешто“ каде е незаменлива домаќинка, но ретко или речиси воопшто не ја гледаме да се појави како гостинка во други телевизиски формати.

За неа ретко кој знае дека е родена во далечната Шведска каде што живеела 12 години. Нејзиното семејство потекнува од скопското село Виниче, а сестра и се уште живее во Шведска со своето семејство.

Така, покрај многубројните патувања во странство, овој Бадник и Божиќ Лила и нејзиниот син Филип ќе ги чекаат во кругот на семејството во Гетеборг.

Водителката веќе отпатува во Шведска од каде што почна со споделување на Инстаграм стори и објави во кои прикажува како ги минува деновите таму, а за ручек беше почестена и со домашни сарми.

Кога после години ќе се вратиш во градот каде што си се родил…кога го препознаваш секое ќоше а истовремено ти изгледа ко прв пат да го гледаш, кога доаѓаш како турист а всушност си дома …. здраво Гетеборг , напиша Лила.

претходниот член,Ангелу мој, ти си ми сè…: Се огласи девојката на младиот пејач, два дена по неговата смрт
Следната статијаПочина Фетула Ѓулен, обвинет за пучот во 2016 година во Турција