(ФОТО) Граѓаните револтирани: Снегот ја изненади Македонија пат во ноември

908

Снегот ги изненади Македонија пат во ноември. Ова се коментарите на голем број на граѓани, кои утринава патувале до своето работно место.

Особено ако истите одат од еден до друг град.

На фотографиите и видеото во продолжение се гледа како снегот не е исчистен, односно стои на регионалните патишта.

„Снегот ги изненади во ноември“, стои под објавата.

На видеото кое го сподели Делчево365, се гледа како во Пијанец исто така снегот не е исчистен.

Сообраќајот на патниот правец Кратово – Пробиштип е во прекин за тешки моторни возила oд 07:00 часот утринава поради наноси од снег, информира АМСМ. Поради настанатите услови на терен се препорачува возачите да го избегнуваат овој правец или да користат алтернативни патни правци.

АМСМ советува сите возачи редовно да ги следат извештаите за состојбата на патиштата и да се подготват за зимски услови. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

претходниот член,(ФОТО) Прекрасна снежна идила: Делчево, Кратово и Берово ова утро се разбудија под снежна покривка
Следната статијаНема трага од убиецот Алија Балијагиќ: Селаните кај Пријепоље повеќе не се плашат, но не можат да одат во шума да соберат дрва