(ФОТО) ЧУДНО: Еден од обвинетите за терористичкиот напад во Москва во еден ден објавил осум фотографии од Истанбул

345

Еден од обвинетите за терористичкиот напад во трговскиот центар Крокус во близина на Москва, во февруари на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил фотографии од Истанбул, дознаваат руските медиуми.

Шамседин Фаридуни, во еден ден, на 23 февруари, објавил осум објави. Речиси сите фотографии укажуваат на локацијата „Аксарај, Истанбул“.

Меѓу објавените фотографии има и фотографија од самиот Фаридуни, како и фотографии за кои се претпоставува дека се направени во џамијата Фатих.

Судот во Москва претходно му одреди притвор на Фаридуни до 22 мај. Како што пренесуваат руските медиуми, тој открил дека е роден 1998 година во Таџикистан и дека има осуммесечно дете.

Обвинетиот рекол дека работел во фабрика за паркет во Подолск, а бил регистриран во Красногорск. Терористичкиот напад на трговскиот центар Крокус, се случи вечерта на 22 март пред концертот во Красногорск во близина на Москва.

Дописникот на руските медиуми кој бил сведок на инцидентот јави дека неколку маскирани лица влегле во салата, пукале во луѓе од непосредна близина и фрлале запаливи бомби.

Според ФСБ, оружјето што го користеле терористите било однапред подготвено во кеш. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија не се соочува само со внимателно цинично планиран терористички напад, туку и со подготвено и организирано масовно убивање цивили.

Тој посочи дека сите виновници, организатори и нарачатели на ова злосторство ќе бидат праведно и неминовно казнети.

Претходна вестЗИМАТА ПОЧЕКА ДА ПРОЈДЕ, ПА ДОЈДЕ: Студот и снегот од регионот се спуштаат во Македонија
Следна вестОфицијални фотографии од сослушувањето на терористите во Москва: Се гледаат траги од брутална тортура