Филипче: Нудиме чесни кандидати со реална програма – за разлика од противниците кои нудат гола пропаганда

208

На новинарско прашање за тоа каква кампања очекува и што им препорачува на другите политички чинители, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче ја нагласи подготвеноста на СДСМ за позитивна и одговорна изборна трка, заснована на луѓе со кредибилитет и реална програма.

„Имаме добри кандидати, имаме навистина луѓе коишто се признати во своите средини, коишто имаат легитимитет и кредибилитет да излезат да побараат поддршка од граѓаните, луѓе коишто имаат капацитет да ги спроведат тие програми“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ ќе води чесна и одговорна кампања, со фокус на програмата и довербата кон граѓаните, а не со напади и манипулации. Филипче потенцираше дека токму чесноста и отчетноста во работењето ќе бидат главниот белег на нивните кандидати.

„Чесни луѓе коишто чесно ќе работат со буџетите на граѓаните, за што јас лично земам одговорност пред сите граѓани“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Филипче, повика и останатите политички партии да се приклучат на ваков фер и достоинствен пристап, каде во центарот на вниманието ќе биде граѓанинот и неговите реални потреби.

„Ќе имаме една позитивна, фер кампања и очекувам од сите политички други субјекти еднаков таков пристап“, изјави Филипче.

Претходна вестФилипче: Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива
Следна вестПоради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Македонски брод