Фејсбук група на Фејсбук, која се претставува како наводно здружение на инженери на Македонија, продолжува со своите „цели“, кои не се познати на никого, освен на самите нив и оние кои ги нарачуваат текстовите што тие потоа ги споделуваат.
На кого му пречат инвестициите во државата? Кој е против успешни проекти? Кој стои зад Фејсбук групата која се прикажува како здружение на инженери – што воопшто не е точно, туку напротив и сосема лажно!
Ова е група која нема никаква правна застапеност, па само преку социјалните мрежи со свои лажни и измислени искази сакаат да создадат јавно милење дека инвестициите кои ги добива државата се лоши.
И додека сите го поздравија тоа што во повеќе делови од Македонија ќе се постават фотоволтаици кои ќе бидат позитивни за земјата, лажни профили тоа го напаѓаат.