Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вечерва допатува во Белград, каде на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе биде домаќин на претседателот Ердоган за време на неговата официјална посета на Белград, која ќе трае денеска и утре.
Според програмата на посетата, утре во 11:00 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред Палатата Србија, по што ќе следи средба на двајцата претседатели во 11:20 часот.