Две лица од Тетовско измамени за 11 илјади евра: Албанец им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, а потоа…

242

Педесет и седумгодишен жител на тетовско село, вчера, во 14.40 часот, во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М. М. од Република Албанија во текот на минатиот месец нему и на уште едно лице им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, а за возврат тие во три наврата му платиле вкупно 11 илјади евра, извести СВР Тетово.

„Но, ниту фирмата им била отворена ниту парите им ги вратил по што сфатиле дека се измамени“, соопшти СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Претходна вест„Можеби некој ги следел, загрижен сум што мајката Ивана толку ја држат“: се огласи вујкото на Данка
Следна вестТлото не мирува: Нов силен земјотрес во Грција – граѓаните вознемирени