ДУИ се фали: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

220

ВМРО и СДСМ веќе се обединија против барањето на Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт изборот на претседателот да биде во Собранието, како главна точка на Платформата што лидерот Али Ахмети ја истакна во промоцијата на Бујар Османи за претседател на државата, велат од ДУИ преку соопштение.

„Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт ги потсетуваат двете гореспоменатите партии дека, како што оствари првиот премиер Албанец, така ќе биде и првиот претседател Албанец. Јавноста знае дека на почетокот ВМРО, СДСМ и нивните поддржувачи беа ПРОТИВ „премиерот Албанец“ но денес – Талат Џафери ја предводи Владата, а министри од ВМРО и СДСМ се дел од неговиот кабинет“, велат од ДУИ.

Од тука додаваат дека политиките на ДУИ биле и се за целосна рамноправност на сите граѓани, без разлика на етничката и верската припадност, а главната цел останува најбрзото можно членство на Северна Македонија во Европската Унија, а тоа ќе биде запечатено кога Османи ќе стане претседател, а Европскиот фронт ќе биде клучот што ги отвора вратите на Владата во следниот мандат.

Претходна вестКај 19-годишна скопјанка пронајдена дрога по полноќ, „падна“ уште еден дилер
Следна вестВидео кое ги вознемири сите: Убиен новинар во трговски центар – откривал и пишувал за корупција во Колумбија