Докторка вели: Консумирајте една намирница пред алкохолот за да го избегнете мамурлакот

94

Консумацијата на алкохол често е зголемена за време на празниците, особено во текот на новогодишните прослави. За време на ваквите прослави, многу луѓе често пијат повеќе од вообичаеното, па поради следното утро се мамурлив и мрзливи.

За да не дојде до тоа, докторката др. Нена Чандрасекаран советува пред консумацијата на алкохолот јадење на една омилена намирница на многумина, а станува збор за сирењето.

„Доколку одите во ноќно излегување и планирате да пиете алкохол, консумацијата на сирење пред тоа може да го намали ризикот од мамурлак“, вели докторката, пренесува британски Експрес.

Зошто треба да јадете сирење пред да консумирате алкохол?

Чандрасекаран смета дека постојат неколку причини зошто треба да јадеме сирење пред да консумираме алкохол.

„Сирењето содржи многу протеини, масти и сложени јаглехидрати кои можат да го обложат желудникот и на тој начин да ја намалат апсорпцијата на алкохол. Исто така сирењето му помага на телото подобро да го метаболизира алкохолот и да го спречи оштетувањето на црниот дроб. Покрај тоа, ги надополнува нутриентите бидејќи е богат со Витаминот Б и калциум, а токму тие нутриенти се исцрпуваат од телото при консумирање алкохол“, објаснува таа.

Понатаму, докторката ја објаснува важноста на калциумот во сирењето, кој позитивно влијае на нервите и мускулите. „Калциумот, кој особено се губи поради алкохолот, ја подобрува функцијата на нервите и мускулите, додека витамините Б се клучни за енергијата и метаболизмот“, додава таа.

Што се однесува до консумирањето сирење, докторката советува да не претерувате бидејќи може да се чувствувате лошо како и да имате дигестивни да имате проблеми. Таа исто така истакнува дека јадењето сирење нема нужно да помогне да се „излечи“ мамурлакот, но ќе ја намали веројатноста дека следниот ден ќе го имате. Но, сепак доколку многу претерате со алкохолот, дури ни сирењето можеби нема да ви помогне.

Претходна вестТаткото и мајката на момчето убиец подготвуваат контра удар против синот: Нивниот адвокат посочи план за жалба до Апелациониот суд по пресудата
Следна вестМаж од Струмица пронајден починат во домот: Паднал врз греалка и му се запалила облеката