Во Скопје од денеска до сабота, 13 јануари, ќе има посебен режим на сообраќај поради официјална посета на делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Бонус видео – Не е среќен оној кој многу има, туку оној на кој малку му треба