Деспотовски: Упатувам покана до сите кандидати за претседател на СДСМ за организирање на серија на јавни дебати

159

Еден од петтмината кандидати за претседатели на СДСМ, Јован Деспотовски преку социјалните мрежи упати покана до останатите кандидати, повикувајќи ги на јавни дебати.

-Упатувам покана до сите кандидати за претседател на СДСМ за организирање на серија на јавни дебати.

Тоа им го должиме и на членовите, но и на сите граѓани, кон кои и денес и во периодот по избор на нов претседател треба да продолжиме да им се обраќаме. Сите кандидати зборуваат за луѓето, за членството, за важноста на „теренот“. Затоа очекувам сите да ја прифатат оваа иницијатива и да излеземе пред луѓето со своите програми, предлози, ставови и одговори. СДСМ е голема политичка партија, која во минатото секогаш ги движела процесите во општеството. Јавното соочување е нешто за што секогаш сме се залагале и за кое секогаш сме имале храброст да го бараме од нашите политички противници.

Денес, кога сме исправени со историски предизвик за партијата, но и за државата, треба повторно да почнеме од самите нас. И да покажеме дека имаме и програма и визија и идеи како СДСМ, но и Македонија да одат напред.

Со јавната дебата ќе покажеме дека сме отворени и посветени на фер процес, во кој информацијата, можноста, идејата ќе дојде до што е можно поширок круг на наши членови, а не само на тесен избор на партиски структури.

Процесот на избор на претседател на СДСМ е се освен прашање/право на затворен круг на луѓе. Дебатата мора да биде широка, а во изборот да вклучиме што е можно поголем број од нашите десетици илјади членови. Нашите членови, избирачи се значаен дел од македонската јавност и тоа не смее да се заборава.

Подготвен сум да се прилагодам на потребите на останатите кандидати во однос на динамиката на реализирање на овие јавни дебати, напиша тој на социјалните мрежи.

претходниот член,ВМРО-ДПМНЕ нема двотретинско мнозинство: Прекината седницата за измени на Законот за реорганизација на Владата
Следната статијаАпасиев реагира: Во 21:20 часот, Гаши закажа Седница за во 22:00 часот