Денес започнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја

169

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судскиот процес против Стојанче Јовановски, кој се товари за повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и загрозување на сигурноста.

Според обвинението, случајот се однесува на долгогодишно физичко и психичко малтретирање на неговата сопруга, со која бил во бракоразводна постапка. Обвинителството наведува дека насилството траело со години и во повеќе наврати било пријавувано во надлежните институции, а особено се интензивирало во последниот период.

На денот на настанот, според наводите, претходеле серија закани и физички напади, кои дополнително ја влошиле состојбата и чувството на страв кај оштетената. Обвинителството смета дека ваквото континуирано однесување довело до сериозна психичка вознемиреност и несигурност.

Покрај делата поврзани со семејно насилство, Јовановски се гони и за кривично дело поврзано со наведување и помагање во самоубиство.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а случајот веќе предизвика силен јавен интерес поради сериозноста на обвинувањата и прашањата за институционалната реакција во вакви ситуации.

Претходна вестЛошата вест бзро се прошири: Млада жена пронајдена мртва
Следна вестНов скок на цената на нафтата