Денес ПРОТЕСТ во Скопје: Ќе се протестира за чист воздух – еве каде ќе има блокади на улиците

166

Денеска во 16:00 часот ќе започне најавениот протестен марш за чист воздух. Протестот ќе започне од Министерство за животна средина и просторно планирање, ќе продолжи пред преку Собранието, а маршот ќе заврши пред Владата на Северна Република Македонија.

Организаторите „Зелен хуман град“, кои обединуваат 23 граѓански организации велат дека го организираат протестот бидејќи секоја година од 3.828 до 5000+ луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух, посочуваат од Зелен хуман град.

„Бараме од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето“ велат од „Зелен хуман град“.

Сите предлог мерки неопходни во справувањето со аерозагадувањето се објавени тука: https://mojgrad.mk/blog/protest-za-chist-vozduh/

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да бидат дел од маршот затоа што, „правото на чист воздух следува! Искористи го протестот за да го изразиш своето барање за чист воздух од институциите“.

Претходна вестДоцна вечерва: Прва изјава од Артан Груби кој е на црната листа на САД – еве што порача
Следна вестУтрово голема полициска акција во Македонија: Се апсат повеќе директори