Чуда не се случуваат, за нив се бориш и тие се остваруваат: БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ОДИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

292

Босна и Херцеговина испиша историја во Зеница, откако по драматичен натпревар ја совлада Италија и обезбеди пласман на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико – втор во својата историја.

Натпреварот започна со доминација на Италијанците, кои поведоа во 15. минута преку Моисе Кин, по голема грешка на голманот Никола Васиљ. По водството, Босна се обиде да возврати преку Башиќ и Демировиќ, но без резултат.

Клучен момент се случи во 41. минута, кога Алесандро Бастони доби директен црвен картон поради фаул како последен играч во одбраната, оставајќи ја Италија со играч помалку.

Во второто полувреме, домашната селекција ја презеде иницијативата. И покрај неколку обиди и притисок, израмнувањето дојде дури во 79. минута, кога Харис Табаковиќ реализираше по мешаница во шеснаесетникот. Голот предизвика бурни реакции кај Италијанците поради спорна ситуација, но по ВАР проверка беше признат.

До крајот на регуларниот дел и продолженијата немаше победник, па натпреварот се решаваше на пенали.

Во пенал-серијата, Босна беше посигурна. Бенјамин Тахировиќ погоди во првата серија, додека Себастијано Еспозито промаши. Во третата серија Брајан Кристанте ја погоди пречката, а Есмир Бајрактаревиќ го постигна решавачкиот гол за историски триумф.

Поради повреда, во пенал-серијата не учествуваше Един Џеко.

Со оваа победа, Босна и Херцеговина обезбеди нов настап на Мундијалот и испиша едно од најголемите поглавја во својата фудбалска историја.

Претходна вестУште едно страшно убиство извршено ја потресе Македонија
Следна вестУжасен крај на потрагата по исчезнатиот млад скопјанец