Бројот на загинати се искачи на 19, повредени се 22 лица во една од најстраотните несреќи во поновата историја – не паметат вакво нешто во Мексико

291

Во верижен судар меѓу автобус и товарен камион во северозападниот дел на Мексико загинаа 19 лица, а 22 се повредени, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во Елота, популарна туристичка дестинација за канадски и американски граѓани, а двете возила целосно биле зафатени од пламен.

„Изброивме 19 тела. Идентификацијата ќе ни одземе малку време, имајќи предвид дека тие се јагленосани. Бидејќи имаме информации за починати лица, ќе ги споделиме“, рече Сара Кињонез, државен обвинител на државата Синалоа.

Автобусот тргнал од градот Гвадалахара и имал крајна дестинација во Лос Мочис во државата Синалоа, позната и како една од лулките на трговијата со дрога во Мексико.

Погледнете го видеото за кое зборува цел Балкан

Претходна вестКаков монструм: Му ја отсекол главата на татко му, па објавил на социјалните мрежи – злосторство какво што не памети човештството во Пенсилванија
Следна вестСега не е лага: Ѓорѓе Давид ја напушти Македонија – откри што прво ќе направи утре во Србија