Шоуменот Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, излезе од затвор на крајот на 2023 година, каде помина четири и пол години под обвинение дека неговата невладина организација наводно ја користел за измама и перење пари. Бојан додека беше во затвор имаше голем број здравствени проблеми поради што имаше неколку операции, а на крајот беше пуштен на домашно лекување.
По излегување на слобода неговата состојба не се стабилизира, а шоуменот наиде на низа компликации. Српски Информер разговараше со Боки 13, кој кажа дека моментално е во болница каде ја прима терапијата.
– Сега сум во болница и ја примам терапијата. Моето тело не реагира добро на терапијата. Докторите ми рекоа дека морам да примам еден вид терапија неколку месеци, а потоа да се префрлам на друг. Моите терапии постојано се менуваат, имам некои стандардни што ги примам, а други се менуваат и слично – изјави Бојан и додаде:
– Имам повеќе дијагнози, се оперирав и сега е малку… Последната дијагноза што ја добив беше цревна метаплазија на желудникот и тенкото црево. По лошите услови во затворот, состојбата ми се влоши, а потоа настанаа компликации. Стресот има најголемо влијание врз моето здравје – изјави Боки 13 за Информер.