Бојмацалиев: Сакам да ги демантирам дел од медиумите, МВР се уште ги нема приведено напаѓачите на градоналникот на општина Арачиново

263

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во денешното гостување на „Слободен печат“ вели дека МВР сеуште ги нема приведено напаѓачите на градоначалникот на општина Арачиново.

„Сакам да ги демантирам некои натписи по медиумите, МВР се уште ги нема приведено напаѓачите на градоналникот на општина Арачиново иако вчера во дел од медиумите пишуваше дека се приведени две лица-осомничени во вооружената престрелка. Лицето кое беше приведено е косовски државјанин кој бил баран со потерница поради учество во странска војска. Напаѓачите се на слобода, имаме осомничени, имаме подигнато докази, но јавноста треба да знае дека сеуште нема приведени поврзани со пукањето и обидот за убиство сеуште немаме“, изјави Бојмацалиев.

Претходна вест(ВИДЕО) СТРАОТЕН земјотрес утринава го вознемири цел свет: Се бројат жртвите – се стравува за голем број под урнатините
Следна вестЛекарот Ацо Трповски бил убиен на друго место а не во неговиот автомобил