Во период од 20 минути биле нападнати 3 лица на подрачјето на Центар. Нападите се случил пред 2 дена од страна на поголема група од повеќе лица. Двата настани се случиле на 23.10.2024 година, од кои едниот е пријавен во 16 часот каде група на повеќе лица нападнале 17-годишен малолетник, додека 20 минути подоцна било пријавено дека група од десетина лица физички нападнале две лица на возраст од 21 и 22 години. Не е познато дали се работи за истата група.
„ Во СВР Скопје на 23.10.2024 година пријавено дека околу 16.20 часот во Скопје, на подрачје на Центар, Х.А.(22) и Е.К. (21) од Скопје биле физички нападнати од група од десетина лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Исто така, околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар група од повеќе лица физички нападнале 17-годишен малолетник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.