Апасиев откри: Тошковски со ЕДЕН потег може да ја тргне „Северна“ од личните карти – се е законски, само треба да сака

317

На вчерашната собраниска седница, претседателот на Левица, Димитар Апасиев истакна дека, додека бил министер Спасовски, на неуставен начин, преку носење Правилник, го внел новото име во лични карти. Пратеникот од Левица потенцира дека претходно Левица го блокирала законот за воведување илегална двојазичност, каде било предвидено да се вметне и „Северна” во личните карти.

Според Апасиев, Спасовски со носењето на ваквиот Правилник извршил кривично дело и треба да одговара.

Дополнително, пратеникот Димитар Апасиев од собраниската говорница го повика новиот министер Панче Тошковски да донесе нов Правилник, со кој ќе го укине незаконскиот Правилник на неговиот претходник.

Според актуелниот важечки Закон за лична карта, во членот 5 се вели:

Образецот на личната карта содржи натпис Република Македонија (значи не Северна), назив лична карта, натпис МКД, место за фотографија, грб и машински читлив дел.” Кога сакаа во времето на Спасовски да го променат овој Закон и да воведат „Северна” и да воведат илегална двојазичност, jас и пратеникот Борислав Крмов го блокиравме. Во тогашните преговори, кај поранешниот спикер Џафери, ни беше кажано дека ако не го одблокираме, ќе мора да прават правни претумбации, да ги цитирам. Ние кажавме дека нема да го одблокираме. Која беше правната претумбација?

Во Законот стои „Република Македонија”, не „Северна”. Но, министерот Спасовски во 2021 година, донесе Правилник со кој, спротивно на Член 5 од важечкиот закон, воведе Северна во личните карти. Овој Правилник веднаш го оспоривме пред Уставен суд, затоа што со подзаконски акт не можете да додавате нешто што е законска материја. Кацарска до ден денес, ја држи нашата претставка во фиока.

Тоа значи, дека со министерски правилник не можете да дерогирате собраниски закон и да менувате образци на лична карта. И за ова Спасовски кога-тогаш кривично ќе одговара. Министерот Спасовски во 2021 година, бидејќи немал законски основ за да донесе Правилник со кој ќе внесе „Северна” во личните карти, се повикал на Член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта од 2007 година. Од закон донесен во времето на Гордана Јанкуловска, кој важел три месеци и предвидувал овластување да министерот донесе правилник. Гордана Јанкуловска во 2007 година си го искористила тоа право, донела некој правилник и со тоа завршува примената на тој закон. Неможејќи да најде правна основа, Спасовски прави претумбации и си го земал овој член, кажа пратеникот Апасиев.

Претходна вестФОТО: Внимавајте луѓе, ова утро страотни одрони на овој патен правец – ситуацијата е крајно алармантна
Следна вестТешка сообраќајна несреќа во Скопје, учествуваа ТРИ возила – има повредени