Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево – Македонски Брод.
Од здобиените на местото на настанот починал возачот на патничкото возило „хјундаи“ А.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“ управувано од Д.С.(75) од Кичево и патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од А.С.(75) од с.Преглово, кичевско.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мазда“, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „хјундаи“, 15-годишен малолетник од с.Преглово, кичевско и А.А.(21) од с.Пласница, кичевско, констатирани во Медицински центар Кичево и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кичево.




