Ужас од Кипар: Брод со 259 патници се преврте – за жал има загинати, спасувачка акција е во тек

На бродот во моментот на несреќата имало 259 патници и осум членови на екипажот.

Според првичните информации, фериботот се превртел на околу два километри од брегот, веднаш по тргнувањето од пристаништето. На местото веднаш биле испратени спасувачки екипи, а во операцијата биле вклучени и хеликоптери.

Во текот на спасувачката акција, голем број нуркачки тимови биле ангажирани за пребарување на морското подрачје.

Најмалку шест лица загинаа откако денеска се преврте патнички ферибот во близина на северниот дел на Кипар, кратко по неговото отпловување од Киренија кон Турција, соопштија локалните власти.

Локалните власти информираа дека околу 160 патници биле извлечени од водата и префрлени на брегот, каде им била укажана медицинска помош. Точниот број на повредени сè уште не е познат.

„Во моментов немаме точни бројки. Сите повредени кои стигнале до брегот се префрлени во болници и допрва ќе се утврдува степенот на нивните повреди“, изјавија властите.

Еден од спасените патници ги опиша драматичните моменти кога фериботот почнал да се превртува. Според неговото сведоштво, водата ненадејно почнала да навлегува во бродот, а патниците, како што изјавил, не биле навреме подготвени за евакуација.

„Дури кога ситуацијата стана критична, луѓето почнаа да скокаат од бродот“, раскажал спасениот патник.

Причините за несреќата засега не се познати, а надлежните продолжуваат со истрагата и спасувачките активности.

Ужас од Кипар: Брод со 259 туристи се преврте – за жал има загинати, спасувачка акција е во тек…. се спасува и со хеликоптери, на терен и многу нуркачи

Ужас од Кипар: Брод со 259 патници се преврте – за жал има загинати, спасувачка акција е во тек

Претходна вестУжас ја вознемири Македонија: 28-годишна жена возела 3-годишно дете на мотор, по опасен пад итно префрлени во болница
Следна вестПочина маж по трагична ситуација