Ужас ја вознемири Македонија: 28-годишна жена возела 3-годишно дете на мотор, по опасен пад итно префрлени во болница

Дваесет и осумгодишна жена од кочанското село Тркање е тешко повредена, а тригодишно дете се здобило со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец меѓу Облешево и Кучичино.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 09:55 часот во ОВР Кочани.

Како што информираат од МВР, А.Ј. (28), управувајќи мопед, во еден момент изгубила контрола над возилото и паднала на коловозот. Со неа како сопатник се превезувало и тригодишното дете.

Во падот, жената се здобила со тешки телесни повреди, додека кај детето биле констатирани телесни повреди. Двајцата биле прегледани и згрижени во Клиничката болница во Штип.

На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Кочани, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходна вестИмаше само 22 години: Младиот музичар од MIX BAND загина во сообраќајка
Следна вестУжас од Кипар: Брод со 259 патници се преврте – за жал има загинати, спасувачка акција е во тек