Опасен пожар на патен правец во Македонија

Голем пожар вечерва избувна во близина на експресниот пат Штип – Кочани, при што огнот и густиот чад се проширија непосредно покрај коловозот, создавајќи опасни услови за одвивање на сообраќајот.

Видео од состојбата на терен беше објавено на кое се гледаат пламените јазици долж патот, како и значително намалената видливост поради густиот чад.

Според информациите објавени заедно со видеото, во моментот сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е сериозно отежнат, а до возачите е упатен апел да бидат максимално внимателни и, доколку е можно, да ја избегнуваат оваа патна делница.

Засега нема официјални информации за причините за избувнувањето на пожарот, неговата површина, ниту дали противпожарните екипи веќе интервенираат на терен.

Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции за состојбата со пожарот и евентуалните ограничувања во сообраќајот.

Претходна вестЗапочна невремето во Македонија – еве каде моментално има нестабилност и во кој правец се движи