Македонката Милена Богојевска осудена на 8 години затвор за убиство од небрежност

Случајот се случил во јули 2024 година во Мелбурн.

Богојевска ја задушила старицата, а потоа го сокрила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг.

Телото било пронајдено два дена подоцна од рибар.

Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во Австралија на осум години затвор, од кои шест без право на условен отпуст, откако се изјаснила за виновна за убиство од небрежност на 85-годишната соседка Лолин Вајтхенд.

По смртта на соседката, Богојевска од нејзиниот дом украла пари, накит, банкарски картички и лични документи.

Со украдените средства купувала лотариски тикети, ваучери, чевли и iPad-и во вредност од речиси 4.000 австралиски долари.

Судијката Џасинта Форбс нејзиното однесување го опишала како „опортунистичко, пресметано и себично“. Обвинителството првично ја теретело за убиство, но подоцна било прифатено изјаснувањето за убиство од небрежност.

Претходна вестПрви снимки: Тешка сообраќајна несреќа ја потресе државата
Следна вестСилно невреме се движи