Сите се простуваат од неа: Почина познатата професорка Виолета

Почина професорката Виолета Величковска, ООУ „Братство Единство“ од Охрид се прости од долгогодишната наставничка.

Професорката по математика и информатика Виолета Величковска, долгогодишен наставен кадар во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, ненадејно почина, соопштија од училиштето.

Во објавата, од училиштето со длабока тага ги известија учениците, родителите и јавноста за загубата на нивната почитувана колешка, која целиот свој работен век го посветила на образованието и воспитувањето на бројни генерации ученици.

Од училиштето истакнуваат дека нејзиниот професионализам, посветеност, човечност и топол однос кон учениците ќе останат трајно запаметени од колегите, учениците и целата локална заедница.

Воедно, упатија искрено сочувство до семејството, роднините и блиските на професорката Виолета Величковска.

Претходна вестУХМР објави ФОТО мапа и испрати предупредување за утрешниот ден
Следна вестДве тешки сообраќајки ја потресоа Македонија – има повредени