Вака ли требаше да биде? Зошто, бе, зошто?: Пријателите се простуваат од младиот Никола

Попладнево на патот Радишани Побожје во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубил мотоциклист.

Во несреќата учествувале патничко возило и мотоцикл.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска, 7 август 2026 година, во 12:12 часот во СВР Скопје.

Станува збор за судир на автомобил „Алфа Ромео“ со италијански регистарски ознаки, управуван од 46 годишен маж, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19 годишниот Н.М. од скопското подрачје.

Пријателите и роднините на социјалните мрежи се простуваат од младиот Никола.

Вака не требаше… Прерано ми те зеде Господ. Ти не си за таму. Вака ли требаше да биде? Зошто, бе, зошто, Дадино? Зошто? Животот беше пред тебе.

Абе Никола, абе наше убаво дете… Нека Бог ти го осветли патот, нека ти даде убаво место кај ангелите. Никогаш нема да те заборавам.

Бог да ми те прости.

Претходна вестТешка сообраќајна несреќа, загина млад мотоциклист