Попладнево на патот Радишани – Побожје се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 19-годишен мотоциклист, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена денеска во 12:12 часот на улицата „Радишанска“ во Скопје.
Во судирот учествувале патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46), и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско.
Од здобиените повреди, 19-годишниот мотоциклист починал на местото на несреќата.
Полициски екипи извршија увид на местото на настанот, а сообраќајот во овој дел од патот се одвива отежнато.
Надлежните институции работат на утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.




