Игор „МC“ Јакимовски, познати македонски маратонец и офицер во АРМ, пред неколку моменти сподели застрашувачки вести на социјалните мрежи.
Денеска во Радишани на возраст од 19 години загина мотоциклист во сообраќајна несреќа. Пред 1 час додека возам и поминувам во с.Миладиновци.
Возејќи размислувам за загубата на уште еден млад живот во кобна сообраќајка. И тогаш на сред село Миладиновци се разминувам со четирицикл со две дечиња на возраст од 10 до максимум 12 години возраст.
Без никаква заштитна опрема и видно возбудени што управуваат четирицикл пред сите во Миладиновци. Неможев да поверувам на очите колку беа мали и немоќни во однос на возилото кое го управуваа.
За родителите кои ќе се препознаат во текстот за овие две дечиња. Дали сте свесни и дали воопшто чувствувате грижа за вашите најмили кога сте им го дале четирициклот да го управуваат ?!
Да не случајно ги украле клучевите и на сред бел ден нечујно го изнеле од двор ?!
Алармот уклучувајте го додека е време !!!
Господ да ги чува и нив и останатите во сообраќајот.




