Ужас ја потресе Македонија: Мајка и дете паднаа во бездна на патот кон манастирот „Св. Илија“ кај Струмица

Веста брзо се прошири и на социјалните мрежи.

Мајка и дете паднаа во бездна на патот кон манастирот „Св. Илија“ кај Струмица.

Струмичките пожарникари утринава спасија мајка и дете кои паднаа во бездна покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“ на планината Еленица, на 4 километри од Струмица.

Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот.

По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги извлекле двете лица од непристапниот терен и ги предале на екипа на Итната медицинска помош за понатамошен преглед и згрижување.

Од ТППЕ Струмица информираат дека благодарение на брзата, професионална и координирана реакција на спасувачките екипи, интервенцијата завршила успешно.

Претходна вестУжас ја потресе Македонија: Маж повеќепати силувал млада девојка со попреченост