УХМР најави невреме во Македонија – еве кога и каде

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во понеделник се очекува повремен локален дожд и наместа услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Претходна вестМлада медицинска сестра го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа