Трагичен настан е регистриран вчера попладне во скопското село Копаница, каде што била пронајдена почината 55-годишна жена.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 17:00 часот, откако телото на Ќ.А. (55) било пронајдено во коритото на селската чешма во селото.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, а дежурен лекар констатирал смрт.
Според првичните информации, жената имала здравствени проблеми.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
За случајот е поведена соодветна постапка.




