(Видео) Вознемирувачки снимки од Скопје: Возач на мотор чека на семафори – врз него паѓа кров

Вознемирувачки момент е забележан во Скопје, кога дел од кровна конструкција се урнал врз мотоциклист кој во тој момент чекал на семафор. Видеото е на крајот од текстот.

Инцидентот е снимен случајно од возило кое се движело во близина, а видеото потоа беше споделено на социјалните мрежи, каде предизвика голем број реакции.

На снимката се гледа како мотоциклистот мирно стои на раскрсницата, без да очекува дека одеднаш ќе падне дел од објект во негова близина. За среќа, според достапните информации, нема потврда за потешки последици, но настанот уште еднаш ја покажа опасноста од силните налети на ветер и нестабилните конструкции.

Силното невреме кое го зафати Скопје предизвика големи материјални штети низ повеќе делови од градот, со паднати дрвја, оштетени возила, откорнати кровови, паднати канделабри и блокирани улици.

Надлежните служби апелираат граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење во близина на објекти и конструкции кои можат да бидат оштетени поради силниот ветер.

Претходна вестУХМР во вонредно јавување: Невремето од Албанија и Косово оди кон Македонија