Големи кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ

3693

На вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на општинските комитети, а истовремено беа избрани и тројца нови членови на Извршниот комитет на партијата.

За нови членови на Извршниот комитет се избрани Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев.

Од партијата посочуваат дека Лефков е пратеник во Собранието кој доаѓа од Кочани и претходно бил дел од Извршниот комитет, при што се оценува како искусен и докажан партиски кадар.

За Стефковски наведуваат дека како актуелен градоначалник на Гази Баба го остварил историски најдобриот резултат на ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник и претседател на Општинскиот комитет, реализирајќи бројни проекти во интерес на граѓаните.

Во соопштението се истакнува и дека Јованчев е пратеник во Собранието и поранешен претседател на Општинскиот комитет во Кавадарци, кој со своето искуство ќе придонесе за идните активности на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека партијата продолжува со процесот на реструктуирање и реорганизација, со цел, како што наведуваат, да обезбеди нови успеси и резултати во периодот што следува.

Претходна вестМакедонија згрозена: 80-годишен дедо силувал 14-годишно дете
Следна вестТажна вест ја потресе Македонија: Беше омилена на многу, почивај во мир Виолета