Безживотно тело на 66-годишен жител на Битола било пронајдено во водите на реката Драгор, кај местото познато како „Дрвено мовче“ во населбата Кланица, информираа од СВР Битола.
По извршеното препознавање било утврдено дека станува збор за лице чие исчезнување било пријавено во полиција на 2 јуни од страна на член на семејството, откако се оддалечило од својот дом.
На местото на настанот излегле полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош. Лекар констатирал смрт, при што на телото не биле забележани видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола, а истрагата продолжува.
Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.




