Граѓаните во Македонија се разбудија со нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на цените утврдени со претходната одлука од 1 јуни 2026 година.

Како резултат на оваа одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари по литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,00 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-98 веќе се продава по цена од 88,00 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари по литар. Со ова поскапување, дизелот изнесува 87,00 денари за литар, а Екстра лесното масло е со цена од 89,00 денари за литар.

Намалување има и кај Мазутот М-1 НС, чија цена паѓа за 0,609 денари и ќе изнесува 47,297 денари за килограм.

Новите цени се на сила веќе од полноќ.

Претходна вестУЈП испрати важно известување за сите кои скенираат фискални сметки
Следна вестТешка несреќа, едно лице го загуби животот