Ужас каков не се памети во Македонија: Маж и истурил хемиско средство на сопругата во лице

65

Во СВР Скопје вчера 37-годишна жена пријавила дека била нападната од својот вонбрачен партнер А.Н., при што, според нејзината изјава, инцидентот се случил во близина на нејзиното работно место додека се наоѓала во возило заедно со него.

Како што стои во пријавата, мажот ѝ истурил хемиско средство во пределот на лицето и очите, по што жената побарала итна медицинска помош.

Повредената била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што ѝ биле констатирани повредите и ѝ бил обезбеден соодветен третман.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходна вестУбава вест за овие луѓе: Неочекуван прилив на пари после 1 јуни
Следна вестХаос во Скопје: Физичка пресметка меѓу два боречки клуба