Автобус со ученици излетал од патот во Хрватска, има повредени

1741

Автобус со ученици излетал од патот во близина на Обровац во Хрватска, при што три лица се повредени и се пренесени во болница, соопшти полицијата во Задар.

Несреќата се случила на релацијата Мушковци–Обровац, кога автобус со задраски регистарски таблички, од засега неутврдени причини, излетал од коловозот.

Повредените веднаш биле пренесени на лекарски преглед и понатамошно лекување, а засега не се објавени детали за нивната здравствена состојба.

По несреќата, останатите патници, меѓу кои имало и ученици, биле згрижени од надлежните служби. На местото на настанот интервенирале полициски екипи и Итната медицинска помош.

Полицијата извршува увид и собира докази за да ги утврди причините и околностите што довеле до несреќата. Оттаму информираат дека истрагата продолжува и дека ќе бидат преземени дополнителни активности за целосно расчистување на случајот.

Претходна вестЛоши вести за возачите: Ново поскапување на горивата