Христина Велкова со потресна објава се огласи по големата загуба: Збогум чедо мајкино, не си сам, со тебе се тато, Петар и Марко

1011

Со потресни зборови и пораки исполнети со неизмерна болка, Христина Велкова се прости од својот син Адам Велков и сопругот, оперскиот баритон Ристе Велков, кои трагично ги загубија животите во стравичната сообраќајна несреќа на скопската обиколница, јавува порталот Скопје1 на својот фејсбук-профил.

Таа во јавни објави ги сподели тагата и болката кои ги живее.

Во емотивната објава за својот син Адам, таа напиша:

„Ах, Адам мој! Прва радост моја! Душава ми ја изгоре, срцето ми го распарчи! Си замина без поздрав, без да те прегрнам и помирисам за последен пат. Ме научи многу работи, но не ме научи како да живеам без тебе, без твојата најубава насмевка, без твојот глас.“

Таа додава дека Адам не е сам и дека покрај него се и неговиот татко Ристе, како и Петар и Марко, кои исто така загинаа во несреќата.

„Збогум чедо мајкино, не си сам, со тебе се тато, Петар и Марко. Ќе биде многу тешко без тебе“, напиша Велкова.

Во посебна објава се прости и од својот сопруг, оперскиот уметник Ристе Велков, кого го нарече „мој NABUCCO“.

„Збогум љубов моја! Збогум кралу мој! Збогум мој NABUCCO! Денешното испраќање до твоето вечно почивалиште беше токму како сцена од ‘Nabucco’ – силна грмотевица и гром го погоди мојот Набуко, но овој пат засекогаш“, напиша таа.

Велкова посочи дека и небото плачело заедно со семејството за Ристе и Адам.

Претходна вестШто правите бе, мозок имате ли: Македонска професорка сведочи – избегната голема трагедија на автопатот Скопје – Велес