Што правите бе, мозок имате ли: Македонска професорка сведочи – избегната голема трагедија на автопатот Скопје – Велес

Деканката на Факултетот за музичка уметност Дарија Андовска открива дека неколку дена пред трагедијата во која косовски возач усмрти четворица Македонци со камион била избегната друга голема трагедија на македонски автопат.

– Некни, кога патувавме за да стигнеме на концерт во Велес, на автопатот Скопје – Велес, Ауди со косовски таблички возеше во спротивната насока.

Среќа, па не се “разминавме” во тунелот. Ладно можевме да загинеме. Што праите бе, ШТО ПРАИТЕ?! Зошто?!!!!! Мозок имате ли?”, прашува Андовска.

Претходна вестГолема акција на полицијата: Уапсени повеќе лица
Следна вестХристина Велкова со потресна објава се огласи по големата загуба: Збогум чедо мајкино, не си сам, со тебе се тато, Петар и Марко