Осумгодишно дете итно пренесено на Клиники по сообраќајка во Скопје

246

Осумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што вечерва се случила во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, несреќата била пријавена денеска околу 18:00 часот во СВР Скопје и се случила на улицата „Јустинијан Први“.

Во несреќата учествувало патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од 53-годишниот С.К. од Скопје, кое удрило во дете-пешак на возраст од околу осум години.

По несреќата, на местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која му укажала прва помош на детето, по што тоа било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошен преглед и лекување.

Засега нема официјални информации за тежината на повредите на детето.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата со цел да се утврдат причините и околностите под кои дошло до сообраќајката.

Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување на случајот ќе следуваат дополнителни информации.

Претходна вестНови шокантни детали за убиството кое ја потресе Македонија