Познато кој ја уби новинарката Елма Годињак: Ја следел, ја снимал и не и давал развод

354

Новинарката Елма Годињак (41) вчера е убиена во Сараево а за убиството осомничен е нејзиниот сопруг со кого била во бракоразводна парница Тарик Прусац (49). Тој работел како обезбедување и бил обучен за ракување со оружје. Во минатото бил пријавуван за вознемирување и следење на жртвата. Адвокатката Елмедина Бојичиќ која ја застапувала Елма во бракоразводната парница за Кликс.ба изјави дека таа стравувала за својот живот и дека Прусац не сакал да ѝ даде развод.

-Се обидовме да иницираме спогодбен развод, но тој не се согласуваше па поднесовме тужба. Моментално на сила беше мерката забрана за приближување. Елма повеќе пати го пријавуваше во полиција, секогаш ја следеше, силно се плашеше. Имам впечаток дека имаше чувство дека нешто вакво можеше да се случи, вели адвокатката Бојичиќ.

Според информациите од регионалните медиуми, во 16 часот и 15 минути попладнево се слушнало пукање од огнено оружје. Екипата на итната помош ја констатирала смртта на новинарката во 16 часот и 30 минути.

По извршеното кривично дело, осомничениот избегал а со себе го одвел и малолетното дете. Опсежната полициска потрага која следуваше заврши со негово апсење. Од Министерството за внатрешни работи велат дека детето е пронајдено без повреди и дека се наоѓа под закрила на надлежните служби.

Според неофицијалните информации, осомничениот работел како обезбедување и имал обука за професионално ракување со огнено оружје. Исто така претходно е пријавуван за недозволено поставување камери со цел да ја следи сопругата. Според изјави на блиски личности на жртвата, осомничениот во минатото имал изречени мерки забрана за приближување, а новинарката повеќе пати го пријавувала во полиција поради тоа што ја вознемирувал.

Претходна вестГолема спасувачка акција во Македонија – возило шест лица излета во провалија