ОВА СЕ НОВИТЕ ЦЕНИ: Горивата во Македонија поевтинуваат – Владата го продолжи попустот до 18 мај

1700

Владата соопшти дека попустот на горивата, кој беше воведен за ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, се продолжува до 18 мај 2026 година.

Со оваа мерка се обезбедува намалување на малопродажните цени: дизелот ќе биде поевтин за 3 денари по литар, а бензините од 95 и 98 октани за 2 денари по литар.

Од Владата нагласуваат дека остануваат посветени на носење навремени и ефективни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, особено во услови на увезена ценовна криза и глобални енергетски предизвици.

„Во координација со надлежните институции и економските оператори ќе продолжиме да ги следиме состојбите и да реагираме соодветно, со цел обезбедување стабилност и предвидливост на пазарот. Грижата за граѓаните и поддршката на економијата остануваат наш врвен приоритет,“ наведуваат од Владата.

Продолжувањето на попустот доаѓа како обид да се амортизираат ефектите од високите цени на енергенсите и да се обезбеди предвидливост за граѓаните и компаниите во наредниот период.

Оваа одлука е дел од поширок пакет мерки со кои властите се обидуваат да ја задржат стабилноста на пазарот и да спречат дополнителен удар врз семејните буџети.

Претходна вестПознатиот македонски пејач со тешка повреда