Убава вест за овие пензионери – ќе добијат 2.000 денари еднократна помош

652

Убава вест за овие пензионери – ќе добијат 2.000 денари еднократна помош

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош за вкупно 525 пензионери од општината.

Од локалната самоуправа информираат дека исплатата ќе се реализира по редоследот на поднесените барања и се очекува да заврши до крајот на оваа недела.

Комисијата задолжена за процесот продолжува со работа со цел навремена и ефикасна реализација.

-Финансиската поддршка е значајна активност која обезбедува повеќе сигурност и достоинство за највозрасните граѓани. Локалната самоуправа е посветена на креирање политики за заштита на животниот стандард на граѓаните.

Од Општина Бутел нагласуваат дека остануваат посветени на креирање и спроведување политики за заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани, се наведува во соопштението.

Претходна вестУжас и тага: На само 32 години почина Никола од Крушево
Следна вестСтраотни сцени пред познат ресторан во Скопје: Полицијата со полни раце работа